11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото kremlin.ru
СВЕТ

Путин: Божик е посебен празник кој ги исполнува срцата со радост

Рускиот претседател Владимир Путин им го честита Божик на православните христијани и на сите руски граѓани, соопшти прес-службата на Кремљ.

Путин во овогодинешната честитка вели дека Божик е еден од најголемите и најомилените христијански празници и дека има посебно морално значење.

„Со обединувањето на луѓето околу високите духовни идеали и вредности, Божик ги исполнува срцата со радост и светли надежи и инспирира нови достигнувања“, нагласува Путин во својата честитка.

Тој посочи дека Божик како празник е поврзан со добри семејни традиции кои се пренесуваат од колено на колено.

Путин, исто така, го истакна огромниот креативен, несебичен придонес што Руската православна црква и другите христијански конфесии во Русија го даваат за зачувување на богатото историско, патриотско и културно наследство на Русија, зајакнување на институцијата семејство и едукацијата на младите луѓе.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ИСПОВЕД НА ЉУБОВНИЦИТЕ: ‘За Божиќ ми дава куќа и РАЗВОД од жената!’

M T

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Бербок го обвини Путин за терор

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T

Путин: Имаме рекордна жетва, Западот е виновен за кризата со храна

M T