3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Предупредување на СЗО: „Не е последна варијанта, создава ефект на цунами“

Светската здравствена организација објави дека најновата омикрон варијанта на коронавирусот нема да биде последна и дека вирусот продолжува да се развива.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, на овогодинешната прва прес-конференција со светски здравствени експерти во седиштето на организацијата во Женева, Швајцарија, рече дека минатата недела е забележан најголем број случаи на Ковид 19 од почетокот на пандемијата.

Тој посочи дека омикронската варијанта е поблага во однос на делта, особено кај вакцинираните лица.

„Исто како и претходните варијанти, Омикрон хоспитализира и убива луѓе. Омикрон создава ефект на цунами, се шири многу брзо и врши притисок врз здравствените системи ширум светот“, рече Гебрејесус.

Тој додаде дека болниците се преполни поради омикрон. Гебрејесус го повтори својот повик за глобална еднаквост во дистрибуцијата и пристапот до вакцините, истакнувајќи дека 109 земји не ја исполниле целта на СЗО за целосно вакцинирање на 70 отсто од светското население до средината на 2021 година.

Марија Ван Керкова, лидер на тимот на СЗО за борба против Ковид 19, исто така рече дека сите постоечки вакцини се ефикасни против варијантата омикрон.

Ван Керкова истакна дека омикронската варијанта не станала уште поопасна благодарение на вакцинацијата и уште еднаш ги повика сите луѓе да се вакцинираат.

Таа предупреди дека омикрон нема да биде последната варијанта на Ковид 19.

За жал, омикрон нема да биде последната варијанта, вирусот продолжува да се развива“, нагласи Керкова.