9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Воен офицер убиен од елен – Трагедија во претседателската резиденција во Парагвај

Парагвајски воен офицер е убиен откако бил нападнат од елен, пробивајќи го со рог низ градите додека служел како обезбедување во претседателската резиденција во главниот град Асунсион, соопштија денеска официјални лица.

Помошник-пешадискиот наредник Виктор Исаси Флеча (42) почина синоќа како последица на „повреди на рогот на тоа животно“, се вели во соопштението на воените сили на оваа јужноамериканска земја.

Станува збор за индиски елен, кој е подарен на претседателската резиденција, изјави за новинарите функционерот во Министерството за животна средина Фредерик Бауер.

Портпаролот на пешадијата Виктор Урдапилета изјави дека камерите го снимиле моментот кога војникот се приближил до еленот и кога бил нападнат.

Мажот бил прогласен за мртов во воена болница. Урдапилета рече дека немало сличен напад од животни кои рутински биле чувани во претседателската резиденција, меѓу кои имало ноеви и коњчиња.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Трагедија во Ајова – момче во торнадо ги загуби таткото, братот, сестрата и бабата – мајката се бори за живот

M T

Во Австрија, двегодишно момче излегло од куќата во студената ноќ и било пронајдено починато

M T

Трагедија на Мадагаскар – потона товарен брод, најмалку 64 лица загинаа

M T

Пендаровски: Очекувам надлежните да ги утврдат причините за трагедијата каква што не се памети досега

M T

Човечки остатоци пронајдени кај рудник за јаглен на Нов Зеланд, 11 години по несреќата

M T

11-годишно дете во Германија спречило трагедија откако на таткото му се слошило додека возел

M T