9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северна Кореја лансира неидентификуван проектил, тврди јужнокорејската војска

Северна Кореја лансира неидентификувана ракета во морето, соопшти јужнокорејската војска, а ова е прв ваков тест на Пјонгјанг во новата година.

Ракетата била лансирана во морето источно од полуостровот, соопштија командантите на штабот на Јужна Кореја, без да дадат дополнителни детали.

Северна Кореја во 2021 година објави дека успешно тестирала нов тип на балистичка ракета лансирана од подморница.

Овој нов обид дојде откако Северна Кореја не одговори на повикот на Вашингтон за разговори.

Преговорите со САД се во застој

За време на важен состанок на владејачката партија минатата недела, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун потврди дека сака да ги зајакне воените капацитети на неговата земја и покрај меѓународните санкции.

Преговорите со Соединетите Американски Држави се во застој од средбата меѓу Ким Џонг-ун и тогашниот американски претседател Доналд Трамп во 2019 година.

По доаѓањето на Џо Бајден на власт, САД неколкупати изјавија дека се подготвени да се сретнат со севернокорејските претставници. Пјонгјанг досега ја отфрла понудата.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Јапонија најави нови санкции против Северна Кореја: „Не можеме повеќе да толерираме провокации“

M T

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на украинските територии

M T

Северна Кореја лансираше проектил во Јапонија, во Токио издадена наредба за евакуација

M T

Северна Кореја усвои закон за превентивни нуклеарни напади

M T

Папата сака да ја посети Северна Кореја, ги повика властите да го поканат

M T

Северна Кореја лансираше две крстосувачки ракети

M T