10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Руски лекари за новиот француски вид на коронавирус – дали е опасен?

Новиот сој на коронавирусот Б.1.640.2, кој беше откриен на југот на Франција, не се проширил веќе два месеци, па нема причина да се верува дека станува збор за „најинтересираност“, соопшти рускиот сервис „Роспотребнадзор“.

Во соопштението се потсетува дека геномската секвенца од првиот примерок од сојот B.1.640.2 е внесена во меѓународната база на податоци GISAID на 4 ноември 2021 година.

„Со оглед на тоа дека сојот Б.1.640.2 не се проширил два месеци, нема причина да се верува дека може да биде од посебен интерес“, се вели во соопштението на Роспотребнадзор.

Како што се посочува, новиот вид на корона вирусот навистина се карактеризира со голем број промени во геномот, вклучително и генот на S-протеинот, но некои од мутациите се карактеристични и за другите соеви – омикрон и делта.

Исто така, беше прецизирано дека во Русија не се регистрирани случаи на зараза со новиот вид на коронавирус Б.1.640.2 и дека ситуацијата е под контрола на „Роспотребнадзор“.

Спонзорирано: