20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

НОВИ МЕРКИ ВО СРБИЈА ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА НАТАЛИТЕТОТ! Од 1 јануари, еднократната помош е за СЕКОЕ ВТОРО И ТРЕТО ДЕТЕ

Од 1 јануари 2022 година сите семејства кои имаат второ или трето дете ќе добиваат еднократна помош од 100.000 динари од државата, беше одлучено на седницата на Комисијата за труд, социјала, социјална инклузија и намалување на сиромаштијата во Србија.

Покрај ова, родителите ја имаат и постоечката финансиска поддршка за второто бебе од 10.000 динари месечно за две години, додека третото ќе продолжи да добива 12.000 динари месечно во следните 10 години.

Како што неодамна стана познато, од 1 јануари за секое првородено дете државата наместо досегашните 100.000 динари ќе дава по 300.000.

Родителскиот додаток, односно надоместокот и додатокот за друго дете, инаку, моментално изнесува нешто повеќе од 243.000 динари. Тој износ се плаќа на 24 еднакви месечни рати од по 10.000 динари.

Надоместокот за трето и четврто дете се плаќа месечно, за период од 10 години: надоместокот за трето дете е нешто повеќе од 1.460.000 динари (120 еднакви месечни рати од по 12.000) динари, а за четврто дете нешто повеќе од 2.190.000 динари (120 рати од 18.000 динари).

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Почна државниот погреб на Шинзо Абе, строги безбедносни мерки во Токио

M T

АФПЗРР : Реализирана исплата на директни плаќања по повеќе мерки

M T

ЕК објави предлози за мерки за енергетската криза

M T

Шолц: Благодарение на мерките, имаме добри шанси да ја пребродиме зимата

M T

Нов Зеланд ги укинува скоро сите мерки за Ковид-19

M T

СДСМ: Се грижиме за земјоделците 30% повисоки откупни цени на грозјето оваа година

M T