8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Демонстранти ја запалија зградата на поранешниот парламент во Австралија

Зградата на поранешниот австралиски парламент утрово била запалена за време на протестот во Канбера.

Нема повредени во пожарот што ги зафати вратите на поранешниот парламент.

Пред оваа зграда со денови се протестира за правата на Абориџините, домородните жители на Австралија.

Насилството на протестите во Австралија е ретко, иако имаше малку повеќе насилни протести од вообичаено за време на пандемијата на коронавирус.

Работниците во зградата, која е претворена во Музеј на австралиската демократија, беа евакуирани набргу откако беше запален влезот на поранешниот парламент.

Владините претставници го осудија палењето на протестот, а неколкумина го опишаа инцидентот како „напад врз демократијата“.

„Палење на зграда не е легален начин за протестирање, тоа е кривично дело и сериозно“, напиша вицепремиерот Барнаби Џојс на Твитер.

Полицијата го истражува инцидентот.

Можеби ќе ве интересира

Судир на демонстрантите и полицијата во Иран, жени палат шамии

M T

Пожар зафатил 10 ката од зграда висока 218 метри во Кина

M T

Во гранатирање на зграда во Киев повредени најмалку две лица

M T

Граната погоди зграда – Загинаа осум цивили

M T

Зградата на косовската влада осветлена во боите на украинското знаме

M T

Хаос во Нов Зеланд – Демонстрантите четврти ден го окупираа Велингтон, уапсени 120 лица

M T