4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бајден и Путин денеска разговараат телефонски – Главна тема е руската армија на границата со Украина

Претседателите на САД и Русија, Џозеф Бајден и Владимир Путин, денеска ќе разговараат телефонски, соопштија Белата куќа и Кремљ.

Белата куќа соопшти дека ќе разговараат за актуелните теми, вклучително и претстојните дипломатски ангажмани со Москва.

Според соопштението, целата администрација на Бајден е вклучена во сеопфатна дипломатија со своите европски сојузници и партнери, консултирајќи и координирајќи заеднички пристап како одговор на военото присуство на Русија на границата со Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во средата потврди дека рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски ќе разговара со американскиот претседател Џозеф Бајден.

– Тоа е вистина. Телефонскиот разговор на Путин со претседателот на САД е закажан за доцна вечерва – изјави Песков.

Можеби ќе ве интересира

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Бербок го обвини Путин за терор

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T

Путин: Имаме рекордна жетва, Западот е виновен за кризата со храна

M T

Британско Министерство за одбрана : Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

M T