13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Џонсон: Омикрон создава проблеми, но очигледно е поблаг од делта-сојот

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека омикрон сè уште предизвикува „вистински проблеми“, како што е зголемување на хоспитализирањата, но дека е „очигледно поблаг од делта-сојот“.

Тој ја повтори важноста на бустер-дозата, нагласувајќи дека тоа е единствениот начин разумно и претпазливо да се дочека Новата година.

„Ако не сте вакцинирани, осум пати поголема е веројатноста да завршите во болница. Жал ми е што морам да го кажам ова, но огромното мнозинство од луѓето кои моментално завршуваат на интензивна нега не се вакцинирани“, изјавил тој.

Џонсон изјави дека бројот на хоспитализирани расте поради омикрон.

„Омикрон продолжува да предизвикува вистински проблеми. Можете да видите дека бројот на луѓе во болниците расте. Но, очигледно е поблаг од делта-сојот“, рече тој.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Леукемијата е најподмолниот облик на рак – ова се првите симптоми на злобната болест

M T

Некои се долготрајни и не поминуваат толку брзо: Еве некои од симптомите кои се чувствуваат пред срцев удар

M T

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Дали сте под долгорочен притисок: Ова се симптомите на адреналински замор

M T

Откриени се ТРИ различни типови на долгорочен КОВИД, секој со свои симптоми

M T

Три симптоми кои укажуваат на висок лош холестерол

M T