21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Крвопролевање во Германија: Албанец ги убил двете деца, ја ранил нивната мајка и се самоубил

Голема семејна трагедија се случи во Глинде кај Хамбург на Божиќ, кога маж убил две деца, ја ранил нивната мајка и се самоубил, пренесуваат германските гласила.

Медиумите јавуваат дека се работи за албанско семејство.

Фламур Р. ги убил неговите две деца, а потоа си пукал во глава и починал додека неговата сопруга била во критична состојба.

„Три лица од четиричлено семејство, вклучително и две момчиња на возраст од 11 и 13 години, загинаа во станбена зграда во Глинде во близина на Хамбург доцна на Божиќ“, објавија јавниот обвинител и полицијата во понеделникот во Либек.

Непосредно пред тоа, очевидци слушнале истрели и ја алармирале полицијата.

Само 38-годишната жена преживеала и била примена во болница со тешки повреди.

„Жената не можеше да даде никакви дополнителни информации за самото кривично дело“, изјави портпаролот на јавното обвинителство во Либек. Сепак, таа била во состојба да праша за нејзините деца.

Жената е надвор од животна опасност, соопштија надлежните а Комисијата на криминалистичката полиција го истражува мотивот за убиството.

Според првите информации, инцидентот имал семејна позадина. Полицијата и јавното обвинителство најпрво не сакаа да соопштуваат повеќе детали за да се заштити постапката, пренесуваат германските медиуми.

Спонзорирано: