13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германија му продаде на Египет оружје вредно повеќе од четири милијарди евра

Владата на Германија предводена од Ангела Меркел во последните девет дена има одобрено извоз на оружје и воена опрема во вредност од речиси пет милијарди евра, од кои повеќе од четири милијарди евра се доделени на Египет.

Со тоа обемот на дозволи за извоз на оружје годинава се зголемил за над девет милијарди евра, што е рекорд за Германија, пренесува медиумот.

Убедливо најголемиот нарачател на германското оружје е Египет, кој е под сомнение дека ги прекршил правата на Евреите и учествувал во конфликтот во Јемен и Либија.

Само на Египет неодамна во последните денови од мандатот на Меркел му била одобрена набавка на повеќе од четири милијарди евра.

Како што неодамна има напишано неделникот Шпигел, а пренесуваат германските медиуми, во прашање се три воени фрегати направени од германската „Тисенгруп“, како и 16 системи за воздушна одбрана на „Дил Дифенс“.

Во извештајот, овој германски медиум, одлуката на Берлин ја нарекува „шокантна“ бидејќи Египет учествува во воена коалиција против бунтовниците во Јемен, иако се чини дека веќе не е активно вклучен во борбите.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СЕ ИСПОЛНУВА СОНОТ НА СЕКОЈ ИСЕЛЕНИК ОД БАЛКАНОТ: Германија планира да го олесни процесот за добивање државјанство

CENTAR MKD

Експлозии во фабрика за оружје во Бугарија, тројца загинати

M T

Мерц: Социјален туризам на Украинците во Германија

M T

Приведени четири лица на подрачје на Чаир и Бутел, пронајдено оружје, дрога…

M T

Шолц: Германија е подготвена да преземе водечка воена улога во Европа

M T

САД најавија нов пакет оружје за Украина во вредност од 600 милиони долари

M T