10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британците за Брегзит: „Поминавме лошо“

Една година по излегувањето од ЕУ, повеќето Британци веруваат дека Брегзит поминал полошо отколку што очекувале, а таквиот став го делат повеќе од шест од десет испитаници.

Годишното истражување на Обсервер, исто така, покажува дека 42 отсто од луѓето кои гласале за напуштање на ЕУ во 2016 година имаат негативно мислење за тоа како досега поминал Брегзит.

26 отсто од оние кои гласале за Брегзит веруваат дека сè испаднало полошо отколку што очекувале, додека 16 отсто рекле дека очекуваат излезот од ЕУ да помине лошо и дека се покажало дека се во право, покажале најновите истражувања, пишуваат британските медиуми.

Меѓу оние кои гласале за останување на Британија во ЕУ, 86 отсто велат дека сè поминало лошо или полошо отколку што очекувале. Севкупно, само 14 отсто од гласачите сметаат дека Брегзит поминал подобро отколку што очекувале.

Највпечатливо откритие, пишуваат медиумите е дека поддржувачите на Брегзит веќе не се толку убедени во добрите страни на напуштањето на ЕУ. Познавачите на состојбите велат дека во текот на целиот процес на Брегзит, напуштањето на ЕУ било лоша работа за Британците, кои биле за останување на земјата во ЕУ, и добра работа за оние кои биле за напуштање.

Но, сега тоа се променило, а значително малцинство поддржувачи на излегувањето од ЕУ велат дека работите одат лошо или барем полошо од очекуваното, велат луѓето кои ги правеле истражувањата. Тие посочуваат дека 59 отсто од гласачите за останување на Британија во ЕУ рекле дека очекувале Брегзит да помине лошо и дека така мислат, а само 17 отсто од поддржувачите на напуштање на ЕУ рекле дека очекуваат се да оди добро и мислат дека било така.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Британците цела ноќ и оддавале почит на кралицата, спиеле и на тротоарите

M T

Захарова: Лондон им сврте грб на Британците заробени во Донбас

M T

Британците објавија нови податоци: Тешките борби продолжуваат северно од Киев

M T

Британците оставиле контакти на авганистанските сојузници во амбасадата, сега таму се Талибанците

M T

Германија ѝ порача на Велика Британија: Престанете со игрите

CENTAR MKD