13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕП: Борба против организираниот криминал за побрз пат на Западен Балкан кон ЕУ

Европскиот парламент соопшти дека синоќешните пратеници го усвоиле Извештајот за борбата против организираниот криминал во Западен Балкан.

Во извештајот, подготвен од австрискиот пратеник Лукас Мандл, се зборува за потребата од искоренување на политичките и административните врски со организираниот криминал, се бара отворање на архивите на поранешна Југославија, но и за визна либерализација.

Европратениците посочуваат дека борбата против организираниот криминал и напредокот кон ЕУ се процеси кои „меѓусебно се зајакнуваат“ и повикуваат на забрзан интегративен процес. Извештајот ги повикува владите во регионот значително да ги засилат своите напори и да продолжат со реформите во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Од друга страна, ЕУ е повикана да ги поддржи овие напори преку финансиска помош и практична соработка.

Во извештајот се посочува дека „главните фактори“ кои ги прават ранливи општествата од Западен Балкан се недостатокот на можности за вработување, корупцијата, дезинформациите, елементите на „заробување на државата“, нееднаквоста и странското мешање на „недемократските режими како Русија и Кина“.

Европратениците ја нагласуваат потребата да се искоренат политичките и административните врски со организираниот криминал преку „јасни мерки за заштита од корупција и ефикасно гонење на случаи на корупција од висок профил“.

Исто така, се наведува дека врските меѓу организираниот криминал, политиката и бизнисот „постоеле и пред распадот на Југославија“ и го критикува недостатокот на волја на надлежните органи во регионот да ги отворат архивите на поранешна Југославија.

Европратениците ја нагласуваат важноста на Западен Балкан да соработува и да споделува разузнавачки информации со земјите-членки и меѓународните партнери.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Оливер Вархељ: Западен Балкан е геостратешки приоритет повеќе од кога било

M T

Курти: Косово е најдемократската земја на Западен Балкан

M T

Унгарскиот министер: Нè очекуваат нови проблеми ако ЕУ не го интегрира Западен Балкан

M T

Костадиновска-Стојчевска на министерскиот состанок од Западен Балкан во Тирана: Промовирана првата платформа за култура со министри од Западен Балкан

M T

Започна Самитот во ЕУ за земјите од Западен Балкан, премиерот Ковачевски ја предводи владината делегација

M T

Самит ЕУ-Западен Балкан- „Приклучувањето на Западен Балкан е геостратешка неизбежност“

M T