12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американски дипломат притворен во Истанбул поради продажба на пасош

Турската полиција во Истанбул уапси американски дипломат од Либан, кој е обвинет дека продал лажен пасош на сириски државјанин за 10.000 долари.

Во соопштението на полицијата во Истанбул се наведува дека осомничениот, дипломат од американскиот конзулат во Бејрут, е уапсен поради инцидентот што се случил на 11 ноември на аеродромот во Истанбул, кога сириски државјанин се обидел да искористи туѓ пасош за патување до Германија.

На снимката од безбедносните камери се гледа дека двајцата осомничени се сретнале на аеродромот, се пресоблекле и дека американскиот дипломат на Сириецот му го дал предметниот пасош.

Кај дипломатот бил пронајден плик од 10.000 долари, како и друг пасош на негово име.

Сирискиот државјанин се соочува со обвинувања за фалсификување, но до судењето е пуштен на слобода, додека на американскиот дипломат му е одредена мерка притвор.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СЕ ИСПОЛНУВА СОНОТ НА СЕКОЈ ИСЕЛЕНИК ОД БАЛКАНОТ: Германија планира да го олесни процесот за добивање државјанство

CENTAR MKD

Јапонскиот пасош најмоќен во светот, македонскиот на 42-то место

M T

Од денеска граѓаните на ЕУ мора да поседуваат пасош за влез во Британија

M T

Со пасош или со потврда од МВР за лична карта ќе може да се вадат пари од банка

M T

Американски дипломат 14 години дрогирал и силувал жени, му се заканува доживотен затвор

M T

Пасоши и лични карти со новото уставно име на државата од следната година

CENTAR MKD