11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay/Илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТ

Американската војска тврди дека има вакцина против сите соеви на коронавирусот

Научниците од американскиот воен истражувачки Институт „Волтер Рид“ во рок од неколку недели треба да објават дека развиле вакцина која е ефикасна против Ковид-19 и сите негови варијанти, па дури и против омикрон.

Според американскиот портал Defense One, таа вакцина е ефикасна и против претходните вируси САРС, кои убија милиони луѓе во светот.

Најновото достигнување, како што беше соопштено, е резултат на речиси двегодишна работа на овој вирус, што следувала откога воената лабораторија ја добила првата ДНК-секвенца на коронавирусот на почетокот на 2020 година.

Во раната фаза на пандемијата разгранокот за заразни болести на Институтот „Волтер Рид“ одлучил да се фокусира на развој на вакцина што ќе дејствува не само против постојниот вид туку и против сите негови потенцијални варијанти.

Претходно годинава, тестирањето на вакцината Spike Ferritin Nanoparticle (SpFN) против Ковид-19 врз животни било завршено со позитивни резултати.

„Првата фаза на испитувања на луѓе, со која вакцината се тестира против омикрон и други варијанти, заврши овој месец со позитивни резултати, кои сега се на конечна ревизија“, рече д-р Кејвон Моџарад, директор на разгранокот за заразни болести на „Волтер Рид“, во ексклузивното интервју за Defense One.

Следниот чекор, додава тој, е да се види како новата вакцина функционира кај луѓе што претходно биле вакцинирани или оздравеле од Ковид-19.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Кремљ: Немаме сознанија дека нашата војска користи ирански дронови

M T

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Оваа вакцина ќе го промени светот

M T

Тајванската војска соборила беспилотно летало кај кинескиот брег

M T

Рускaта војска за 24 часа ликвидирала над 1.200 милитанти во Украина

M T

Огромен пожар во Словенија, ангажирана е и војската

M T