13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Радев: Северна Македонија треба да го промени Уставот и да не ги дискриминира македонските Бугари

Република Северна Македонија треба да го промени својот устав. Ова го изјави бугарскиот претседател Румен Радев за „Еурактив“. Според него, ова ќе биде чекор кон решавање на спорот меѓу Софија и Скопје.

„Се верува дека сме во процес на повторно преговарање за Договорот за пријателство и добрососедство, но не сме. Ние сме во процес на барање начин за подобро спроведување на овој договор. Договорите треба да се почитуваат. Ова е главен услов за членство во ЕУ“, рече претседателот.

Нашата најголема грижа, рече Радев, е што Република Северна Македонија не ги применува основните принципи и вредности на ЕУ, како што се човековите права, недискриминацијата.

„Пред четири години верувавме дека договорот ќе ги реши проблемите во билатералните односи, на ист начин како што тоа го правеше и Договорот од Преспа (меѓу Македонија и Грција), но денес гледаме заостаток по сите точки во него. Говорот на омраза против Бугарија се интензивира, не гледаме политичка волја за отстранување на навредливи текстови во учебниците, не гледаме политичка волја да се запре фалсификувањето и уништувањето на бугарското културно и историско наследство во овој дел од светот“, рече Румен Радев.

Според него, дискриминаторскиот третман на македонските Бугари трае со децении.

„Денес над 120.000 македонски граѓани имаат и бугарско државјанство. Тие не се само бугарски државјани, туку и државјани на ЕУ, а тоа значи многу кога зборуваме за човекови права“, нагласи Радев.

Бугарскиот претседател додаде и дека македонските Бугари мора да бидат третирани подеднакво со сите други групи на луѓе споменати во уставот. Тоа е прашање на принципи, вели бугарскиот претседател, а не на преговори.

На Северна Македонија ѝ требаа 6 месеци да го спроведе Договорот од Преспа, дури и го сменија името. Зошто е толку тешко да се додаде еден единствен збор – „Бугари“, праша шефот на државата.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ЕУ очекува промена на Уставот во следните 16 месеци додека трае скринингот

M T

Василев попладнево кај Радев, се’ уште не се знае дали успеал да обезбеди мнозинство

M T

Радев: Има позитивни сигнали од посетата на Кирил Петков во Скопје, но да не ги заборавиме главните прашања

M T

Советот за безбедност на Радев во карантин по расправата за Македонија

M T

Радев на консултации пред врачувањето на мандатот, Петков вели: „Неопходно е да се формира влада“

M T

Радев очекува дијалогот со Скопје да доведе до конкретни резултати

M T