9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Илустрација
СВЕТ

Голем пожар во психијатриска болница во Јапонија, загинаа 27 лица

Најмалку 27 лица загинаа во пожар што зафати психијатриска болница во јапонскиот град Осака. Полицијата се сомнева дека пожарот е подметнат.

Официјалните лица соопштија дека уште едно лице е повредено.

Полицијата го истражува подметнувањето пожарот и наводите дека маж ја запалил зградата, соопшти локална агенција, повикувајќи се на истражителите.

Други локални медиуми јавуваат дека постар маж донел кеса од која истекувала запалива течност и потоа избил пожар. Оттаму додаваат дека се верува оти се работи за пациент на оваа институција.

Пожарот избувнал веднаш по отворањето на клиниката во 10:00 часот по локално време и во најголем дел бил изгаснат по 30 минути.

Во зградата каде што избувна пожарот има и салон за убавина, продавница за облека и училиште за англиски јазик.

Веб-страницата на клиниката не е достапна, но онлајн архивата наведува дека лекува пациенти кои страдаат од депресија, проблеми со паника, нарушувања на спиењето и анемија.

Можеби ќе ве интересира

Јапонија најави нови санкции против Северна Кореја: „Не можеме повеќе да толерираме провокации“

M T

САД, Јапонија и Јужна Кореја со осуда за истреланата балистичка ракета: Тоа е неприфатливо

M T

Јапонија подигна борбени авиони откако Северна Кореја лансираше проектил

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T

Истрага во словенечка болница: жив човек прогласиле за мртов, семејството погребало погрешен човек

M T

Јапонија донира 61.801 евра на универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби

M T