5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Најстариот Французин почина од ковид на 112 години

Најстариот Французин, Марсел Мејс, почина од Ковид-19 во средата навечер во болница во Вјен на 112-годишна возраст, објави неговата ќерка.

„Живееше во својата куќа, но се разболе од Ковид-19 и неговата состојба се влоши, па беше ставен на кислородна поддршка, но и покрај сите напори немаше спас, тој си замина на 112-годишна возраст“, ​​изјави Никол Бојирон, неговата ќерка единица.

Марсел Мејс бил примен во болница на 2 декември. Роден е во 1909 година и живеел сам во својата куќа.

„Беше среќен во својот дом, со бистри мисли, живееше сам, но имаше помош од социјалните служби“, додава Бојирон.

Поранешниот возач на брза помош преживеал две светски војни и бил вдовец од 1998 година. Тој бил глув и речиси слеп, додаде неговата ќерка.

По смртта на Мејс, титулата најстар Французин би можел да ја земе жител на Ница кој на 6 декември го прославил својот 111. роденден.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Обединети нации: Коронавирусот го уназади човечкиот развој за пет години

M T

Внимавајте при земање на овој витамин: Лекарите го поврзуваат со корона вирус

M T

Од 1 август нови правила за влез во Австрија поради корона вирусот

M T

Корона вирусот се појави и во Северна Кореја

M T

ПРЕЛЕЖАВТЕ КОРОНА? Еве неколку намирници кои ќе ви помогнат да го забрзате закрепнувањето на вашите бели дробови

M T

ОПАСНОСТ ОД КОРОНА ВО БАЊАТА – Ако сте прележале, фрлете ги овие предмети за да не се заразите повторно

M T