18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Четири деца загинаа во Австралија играјќи си во школскиот двор

Четири деца загинаа, а уште неколку ученици се тешко повредени при пад од височина од 10 метри, откако силните ветрови кренале во воздух гумен замок за скокање во основно училиште во Тасманија, соопшти австралиската полиција.

Службите за итни случаи, вклучително и неколку хеликоптери, брзо пристигнале на местото на несреќата во основното училиште Хилкрест во градот Девонпорт, трето по големина населено место на островот.

Меѓу загинатите деца има две девојчиња и две момчиња од шесто одделение.

Си-ен-ен јавува дека пет ученици се во болница, во тешка состојба.

Повеќе детали засега не се објавени од приватни причини, соопшти полицијата.

Австралиските медиуми објавија дека во училиштето се прославувал крајот на учебната година.

Девонпорт, на северниот брег на Тасманија, е мал пристанишен град со нешто помалку од 30.000 жители.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Три деца се меѓу 13-те загинати откако руски воен авион се урна во дворот на зградата

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T

4 хороскопски знаци кои се најпопустливи родители: Тие ја играат улогата на „добриот полицаец“

M T

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

M T

Уапсена мајката чии деца биле пронајдени мртви во куфери на Нов Зеланд

M T

Осум деца се тешко ранети кога граната експлодира на детски настан во Украина

M T