18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Новиот германски министер за здравство: Планираме задолжителна вакцинација

Новиот германски министер за здравство, Карл Лаутербах, денеска во Бундестагот ги бранеше новите измени на законот за заштита од заразни болести кои им овозможуваат на сојузните покраини да воведат построги мерки, најавувајќи дека планира да воведе обврски за вакцинација на вработените во болниците и домовите за стари и изнемоштени лица.

„Не можеме да дозволиме луѓето во домовите за стари лица да умираат во втората година од пандемијата поради тоа што персоналот не е вакциниран против коронавирус“, рече Карл Лаутербах (од Социјалдемократската партија на Германија, СПД) за време на дебатата пред гласањето за промена на законот.

Тој истакна дека неговата и целта на новата влада е граѓаните да се извлечат од кризата.

„Ќе направиме се што можеме за да ставиме крај на оваа криза што е можно поскоро“, рече Лаутербах.

Меѓу другото, законот од средината на март идната година предвидува обврска за вакцинација на вработените во домовите за стари и изнемоштени лица, како и на медицинскиот персонал во болниците и во сите установи каде што вработените доаѓаат во контакт со лица со попреченост. Вработените во овие установи од средината на март ќе мора да докажат дека се вакцинирани. Во спротивно, им се закануваат санкции.

Од обврската ќе бидат ослободени вработените кои ќе докажат дека не смеат да се вакцинираат од здравствени причини.

Промената на законот, кој последен пат беше изменет кон крајот на ноември, им овозможува на сојузните покраини, во зависност од епидемиолошката ситуација, да воведат дополнителни ограничувања покрај оние што ги дозволува последната измена.

Така, на сојузните покраини ќе им биде дозволено да затвораат ресторани, барови и клубови. Може да се забрани и одржување на конгреси и саеми.

Карл Лаутербах новите мерки ги оправда со намерата на владата да овозможи божикните празници да течат релативно нормално.

„Треба барем да се погрижиме божикните прослави и патувањата за најблиските да бидат безбедни“, рече новиот министер за здравство.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Австрија размислува за укинување на задолжителната вакцинација

M T

Протест против задолжителната вакцинација и носење маски во Нов Зеланд

M T

Австрија донесе уредба задолжителна вакцинација – Признати кинеските вакцини, но не и руски „Спутник“

M T

Во Австрија од денеска стапи на сила задолжителната вакцинација

M T

Протести против задолжителна вакцинација – камионџии ја блокираа Отава

M T

Австрискиот парламент денеска гласа за задолжителна вакцинација

M T