21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay/Илустрација
СВЕТ

Модерна: Нашата вакцина против грип е ветувачка

Експерименталната вакцина против грип предизвика силен имунолошки одговор на сите четири видови на вирусот на грип во раната фаза на студијата, соопшти компанијата во петокот.

Раната фаза на тестирање на вакцината мРНА-1010 сè уште е во тек, а средната фаза на тестирање е започната, соопшти компанијата.

Така, Модерна се оддалечи од другите производители на вакцини, вклучително и Фајзер, кои исто така ги тестираат нивните вакцини за грип базирани на мРНА.

Модерна, исто така, објави дека развива засилена вакцина за респираторни вируси што ќе таргетира повеќе вируси, вклучително и „Ковид-19“, грип и респираторен синцицијален вирус.

Новата вакцина наречена мРНА-1345 покажа позитивни резултати во првичното тестирање, соопшти компанијата.

„Дури и пред пандемијата на Ковид-19, околу три милиони луѓе умираа секоја година од респираторни инфекции. нашата цел е да го ограничиме тоа страдање со засилена вакцина против повеќе респираторни вируси, која би се давала во една доза еднаш годишно“. изјави извршниот директор на компанијата, Стефан Бансел.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Сезоната на грип е пред нас: Овој зелен зеленчук е најдобар за имунитетот

M T

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Оваа вакцина ќе го промени светот

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T

Експерти: Северна Кореја без вакцина против коронавирус е на работ на катастрофа

M T

Финансискиот директор на „Модерна“ дојде еден ден на работа и си замина со 700.000 долари

M T