7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Маж во САД се обидел да киднапира авион за да бара вонземјани, се заканувал со бомба

Полицијата во Лас Вегас уапси маж кој ја пробил безбедносната ограда на аеродромот, тврдејќи дека сака да украде авион за да стигне до местото познато како Област 51.

Човекот пред полицијата изјавил дека сакал да го украде авионот за да може да лета до Областа 51 и да ги види вонземјаните. Тој беше уапсен откако со автомобил ја пробил оградата на меѓународниот аеродром Мекаран, паркирал кај рампата за авионот и се заканувал со бомба.

Уапсен е поради терористички чин, се наведува во полицискиот извештај.

Област 51

Областа 51 е воена база лоцирана во јужниот дел на западна Невада во САД. Се користи како полигон за обука на воздухопловните сили на САД. Самото име всушност доаѓа од ознаката на мапата.

Таа воена база долго време беше во фокусот на различни теоретичари на заговор кои веруваат дека американската влада таму крие тела на вонземјани и НЛО.

Закани со бомба

Според полицијата, откако ја пробил оградата, мажот влетал меѓу неколку авиони, па се паркирал во близина на еден од нив и им се заканил на вработените.

„Имам е*eна бомба. Ќе го кренам во воздух ова место“, им се заканил.

Сведоците велат дека човекот на лицето носел маска на кловн. По заканата тој се вратил во возилото, додека вработените избегале на безбедно и почнале да го евакуираат аеродромот.

Кога пристигнала полицијата, успеала да го запре возилото и веднаш го привела осомничениот. При претресот на неговиот автомобил, полицајците пронашле направа која наликувала на боца за кислород и нешто што личело на апарат за гаснење пожар, околу кое биле обвиткани многу жици.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Еве зошто повеќето авиони се претежно бели

M T

Три деца се меѓу 13-те загинати откако руски воен авион се урна во дворот на зградата

M T

Мечка во САД нападнала момче во двор

M T

Џефри Сакс: Зад саботажата на „Северен тек“ можеби стојат САД и Полска

M T

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

M T

САД, Јапонија и Јужна Кореја со осуда за истреланата балистичка ракета: Тоа е неприфатливо

M T