9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хорор во Сплит: Татко се обидел да го удави бебето

Маж од Хрватска се обидел да го удави своето неколкумесечно бебе кое сега е во болница во Сплит, а постарото дете било сместено во детска установа.

32-годишникот е уапсен по ноќна бркотница на Клис, а по полициска постапка најверојатно ќе биде пријавен за тешко убиство во обид. Кога полицијата го уапсила, тој се уште бил агресивен и давал отпор, објавија хрватските медиуми.

Бебето кое имало симптоми на давење во сплитската болница го донела мајката, а лекарите ја известиле полицијата.

Кога полицијата дошла по 32-годишникот, тој се заклучил со постарото дете, а потоа побегнал.

Центарот за социјална работа во Солин донесе итна мерка според која и бебето и постарото дете од предучилишна возраст се одвоени од семејството.

Бебето не е во животна опасност, и е е хоспитализирано, како и мајката која поради голем шок и е сместена во психијатриското одделение.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Знаци дека детето има висок коефициент на интелигенција: Внимавајте на МАЛИТЕ ДЕТАЛИ

M T

Хорор во Ливерпул, кучиња убија 60 годишна жена

M T

Секое момче треба да ги слушне овие пет работи од својот татко

M T

Хорор на плажа во Хрватска, змија каснала туристка

M T

Татко и син пронајдени мртви во семејната куќа во Белград

M T

Хорор во Малме: Ученик со секира и нож убил две жени во училиште

M T