13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Олаф Шолц официјално избран за канцелар на Германија

Германскиот парламент го избра Олаф Шолц за наследник на Ангела Меркел како канцелар на Германија.

Лидерот на Социјалдемократската партија (СПД), ќе ја предводи владата во коалиција со Зелените и Слободните демократи (ФДП). Тој доаѓа на местото на Ангела Меркел, која заминува по 16 години на чело на Германија.

Утринското гласање во долниот германски законодавен дом, одржано со тајно гласање и без дебата, беше само формалност. Немаше сериозно сомневање дека германскиот Бундестаг за нов федерален канцелар ќе избере некој друг.

Со тајно гласање во парламентот, Шолц ја доби поддршката од 395 од 707 присутни пратеници, изјави претседателот на Бундестагот, Бербел Бас. За да биде избран на Шолц му беа потребни 369 гласови.

Шолц, кој беше заменик на Меркел и министер за финансии во големата коалиција во заминување, отиде во палатата Белвjу во Берлин, каде германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер официјално го назначи за канцелар.

Шолц е деветтиот повоен канцелар на Сојузна Република Германија, а заклетвата ќе ја положи во текот на денот.

Шолц и неговиот кабинет од 16 министри – седум од СПД, пет од Зелените и четворица од ФДП – ќе бидат именувани од германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во претседателската палата, а ќе положат заклетва во Бундестагот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СЕ ИСПОЛНУВА СОНОТ НА СЕКОЈ ИСЕЛЕНИК ОД БАЛКАНОТ: Германија планира да го олесни процесот за добивање државјанство

CENTAR MKD

Мерц: Социјален туризам на Украинците во Германија

M T

Шолц: Путин мора да разбере дека не може да победи во војна

M T

Шолц: Разговорите со Путин секогаш се со пријателски тон

M T

Шолц: Германија е подготвена да преземе водечка воена улога во Европа

M T

Шолц: Благодарение на мерките, имаме добри шанси да ја пребродиме зимата

M T