11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Зграпчен за вратот, претседателскиот кандидат Ерик Земур нападнат на митинг во Франција

Претседателскиот кандидат на крајната десница, Ерик Земур, беше нападнат на неговиот прв предизборен митинг во Франција, пренесуваат француските медиуми.

Додека 63-годишникот се движел низ толпата кон бината, маж за момент го фатил за вратот пред да интервенираат полицајците од обезбедувањето.

Локалните медиуми јавуваат дека на Земур му бил повреден зглобот и дека лекарите му препишале девет дена одмор.

Поранешниот новинар е познат по своите контроверзни ставови за мигрантите и за Втората светска војна.

По неколку недели шпекулации, Земур минатата недела ја објави својата кандидатура за претседателските избори во Франција во 2022 година.

Инцидентот, во кој беше нападнат Земур, е еден од неколкуте насилни судири за време на настанот одржан во неделата вечерта во конгресниот центар североисточно од Париз.

Според локалните медиуми, на митингот присуствувале околу 10.000 луѓе. Наводно, илјадници демонстранти против екстремно десничарскиот политичар маршираа низ градот, а полицијата уапси десетици пред местото на настанот.

Земур бил нападнат додека поминувал низ толпата. Полицијата бргу го уапсила напаѓачот, а портпаролот на партијата на Земур за весникот „Фигаро“ изјавил дека планираат да поднесат правна жалба и ја пофалил храброста на Земур што одржал говор по инцидентот.

Додека го почнуваше говорот, неговите поддржувачи фрлаа столови кон демонстрантите, кои станаа облечени во маици со антирасистички пароли.

„Ако победам на овие избори, тоа нема да биде уште една ротација на власта, туку повторно освојување на најголемата земја во светот“, им порача тој на насобраните за време на говорот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Малолетник од Гостивар бил физички нападнат и ограбен

M T