3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Радев на консултации пред врачувањето на мандатот, Петков вели: „Неопходно е да се формира влада“

Времето на едноличната премиерска власт заврши, истакна бугарскиот претседател, Румен Радев пред претставниците на „Промената продолжува“, а за време на консултациите кои почнуваат денеска пред доделувањето на мандатот за нова Влада.

Двете преодни влади ја стабилизираа земјата, рече Радев, истакнувајќи дека ефикасна коалициска влада може да постои и претседателската институција е отворена за дијалог, како и за поддршка во рамките на нејзините овластувања.

Сфативме дека е сосема итно да имаме влада, порача кандидатот за премиер, Кирил Петков, од „Промената продолжува“.

„Бугарија веќе има итна потреба од Влада. Оваа одговорност ја презедовме и идејата е во блиска иднина да го претставиме предлог-кабинетот врз основа на коалиција од четирите партии“, додаде Петков.

Тој истакна дека досегашните разговори меѓу ПП, БСП, ИТН и ДБ се апсолутно конструктивни.

„Направивме коалициски документ, кој синоќа беше комплетиран и испратен до сите коалициски партнери. Ги сумира сите мерки за кои разговаравме. Секоја од партиите во оваа коалиција треба да биде претставена во идниот кабинет. Имавме над 90 отсто заеднички политики. На Бугарија и требаат автопати, добри приходи, за да ги врати Бугарите од странство“ рече Кирил Петков.

Можеби ќе ве интересира

Василев попладнево кај Радев, се’ уште не се знае дали успеал да обезбеди мнозинство

M T

СДСМ: 100 дена мандат, 100 дена неспособна локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

M T

СДСМ: Арсовска не сработе ниту еден проект, за 82 дена мандат успеа само да ја партизира градската администрација

M T

Радев: Има позитивни сигнали од посетата на Кирил Петков во Скопје, но да не ги заборавиме главните прашања

M T

Советот за безбедност на Радев во карантин по расправата за Македонија

M T

Ковачевски го доби мандатот за формирање влада

M T