17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Објавен документ на американските служби: Русите ќе ја нападнат Украина со 175.000 војници?

Не стивнуваат тензиите меѓу Москва, Киев и Вашингтон поради шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува инвазија на Украина. Сега и американското разузнавање ги објави своите наоди за плановите на Русија за офанзива што би била изведена на повеќе фронтови, а која според проценките би опфаќала 175.000 војници и би можела да се случи веќе следната година.

Разузнувачкиот документ со мапа за можната инвазија, насловен „Потенцијал за 175.000 руски сили во близина на Украина: докази за планирање и неодамнешно движење на артилерија, опрема и човечка сила“ е добиен и објавен од „Вашингтон пост“, а за истиот има потврда од американски официјални лица.

Веќе извесно време е познато дека Русија трупа сили долж границата со Украина – односно и покрај старата граница, долж источната украинска покраина Донбас, која седум години е под контрола на руските сепаратисти, и покрај новата која настана со руската анексија на полуостровот Крим.

Путин рече дека има закани по Русија, со вежби на американските нуклеарни бомбардери кои летаат над Црното Море, како и со американските системи за ракетна одбрана во Полска и Романија.

„Потребни ни се прецизни правни гаранции бидејќи нашите западни колеги не ги испочитуваа нивните усни обврски“, рече рускиот претседател, додавајќи дека сите знаат дека се дадени усни гаранции за непроширување на НАТО на исток (по распадот на СССР), а во реалноста се прави токму спротивното.

Вашингтон, кој се закани со сериозни последици во случај на руска инвазија, се надева дека ќе ги смири тензиите и ќе постигне некаков договор со Москва на виртуелната средба меѓу Путин и американскиот претседател Џо Бајден, закажана за вторник. Самиот Бајден веќе јавно го предупреди Путин да не интервенира воено во Украина и најави нови иницијативи за заштита на оваа источноевропска земја, а состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Рига, Латвија минатата недела беше очигледно една од тие иницијативи.

Плановите на Русија предвидуваат воена офанзива врз Украина уште на почетокот од 2022 година, со сили двојно поголеми од она што го видовме минатата пролет за време на вонредните руски вежби во близина на границите на Украина. Плановите вклучуваат опсежно движење на 100 тактички баталјони со околу 175.000 луѓе заедно со оклопни возила, артилерија и опрема“, изјавил претставник од американската администрација за „Вашингтон пост“, барајќи да остане анонимен за да може да ги открие овие чувствителни информации.

Некласифицираниот документ на американските разузнавачки служби објавен од овој американски весник, а кој вклучува и сателитски фотографии, покажува како руските сили се собираат на четири места. Во моментов на бојното поле се распоредени 50 тактички групи, заедно со новопристигнатите тенкови и артилерија, се вели во документот.

Интересно е што во документот на американското разузнавање се наведува помал број руски војници од проценката на нивните украински колеги.

Според американската проценка, таа бројка во моментот е околу 70.000, но Американците истовремено предупредуваат на опсежното движење на баталјонските тактички групи кон и од границата со цел „да се прикријат намерите и да се создаде неизвесност“.

Според украинската војска, бројот на руски војници распоредени долж украинската граница во моментот е околу 94.000 што, како што наведуваат украинските служби, веројатно не е доволно за успешна инвазија, но може да биде основа за подготовка за инвазија за многу кратко време.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Во повеќе региони во Украина прогласена опасност од воздушни напади, жителите бараат засолниште во скривниците

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Британско Министерство за одбрана : Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T

СО SPORT LIFE до стан во Скопје!

M T