18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Во последен момент спречен атентат врз Ердоган

Турските разузнавачи вечерва осуетија обид за атентат врз турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, јавуваат турските медиуми.

Експлозивна направа е пронадена под полициски автомобил којгообезбедувал собирот одржан за Ердоган во градот Сирт на југоистокот од Турција.

Наводно, направата била пронајдена само неколку моменти пред почетокот на собирот.

Откако е пронајдена веднаш била деактивирана од тим на турската полиција за деактивирање бомби, објавува турската агенција КАРАР.

Форензичарите ја скенирале експлозивната направа и полициското возило во потрага по отисоци од прсти, авеќе е започната истрага за можниот сторител.

Спонзорирано: