7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТИЗБОР

Антиваксер од Италија дошол на вакцинација со вештачка рака

За да добие зелен сертификат, антиваксер од Италија дошол на бизарна идеја, па на вакцинацијата се појавил со лажна силиконска рака.

Неименуван 50-годишен маж од Италија се обидел да ги измами здравствените работници нудејќи им лажна силиконска рака за време на вакцинацијата. И се со цел да се добие зелен сертификат, пишува Independent.

Овој бизарен случај бил пријавен во полиција во северниот италијански град Бјела, а гувернерот Алберто Сирио го опишал силиконот на вештачката рака како многу сличен на вистинска кожа.

Но, бојата и разликата при допирот предизвикале сомнеж кај здравствениот работник, кој го замолил да ја покаже целата рака.

Инцидентот ќе се граничеше со урнебесно, да не беше крајно сериозен чин“, пишува во неговата објава на Фејсбук.

Според извештаите на новинската агенција Анса, мажот работи во здравствениот сектор и бил суспендиран од работа поради измама и одбивање да прими вакцина против коронавирус.

Да потсетиме, во Италија вакцинацијата е задолжителна за сите здравствени работници.

Спонзорирано: