13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

(ВИДЕО) Ристески за Фронтлајн: Муцунски прави евтина пропаганда, предвидува парк на место каде што тој веќе постои

Милутин Ристески кој прв реагираше преку социјалните мрежи, во изјава за Фронтлајн, истакнува дека паркот е подигнат пред отприлика две години од страна на претходниот градоначалник Златко Марин и дека се работи за евтина пропаганда на Муцунски.

„Всушност се работи за евтина пропаганда. Јас тоа не би го нарекол пи-ар. Како што гледате позади мене се наоѓа парк којшто е подигнат пред отприлика две години од страна на градоначалникот Златко Марин. На ова место до пред само две години имаше депонија, граѓаните на околните згради знаат дека овдека имаше депонија којашто беше исчистена и сега е парк. Евтината пропганда на Муцунски се состои во тоашто пред само два дена ја извести јавноста дека со одлука на Советот се избришани две градежни маркици и на ова место е предвидено парковско зеленило, вели Ристески.

Тој истакнува дека се работи за еден нечесен однос на градоначалникот Муцунски кон своите гласачи и генерално кон граѓаните на општина Аеродром.

„Овдека нема потреба да се предвидува парковско зеленило, парк веќе постои. Како што гледате има љуљашки, има урбана опрема којашто е поставена и така натаму. Така да се работи за еден нечесен однос на градоначалникот кон своите гласачи и генерално кон граѓаните на општина Аеродром. Одлуката којашто ја донесе Советот всушност не е одлука за бришење на маркица. Советот усвои заклучок за усвојување на информација за пренамена на две градежни парцели којашто ќе се случи по усвојување на ДУП-от И13, којшто е ДУП за оваа градска четврт. Всушност тогаш ќе се укинат овие две градежни парцели. Објаснувањето на владејачкото мнозинство беше дека овие две парцели се укинуваат со цел никогаш повеќе да не може тука да се гради. И тоа не е точно. На истиот начин како што се бришат парцелите може на некој во иднина да му текне да ги впише. Така да, сè она што имавме прилика да го видиме на Фејсбук профилот односно на фејсбук страната на градоначалникот е всушност една евтина пропаганда којашто кажува дека ќе се подига парк на местото каде што парк веќе постои и тоа добри две години“, изјави за Фронтлајн, Ристески.

извор Фронтлајн

Спонзорирано: