13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Откриени неочекувани симптоми и клиничка слика на омикрон

Веста за појавата на новиот вид на корона вирус наречен омикрон ги загрижи сите. Сепак, според досега познатите информации за таа варијанта, нема преголема причина за грижа.

Сè уште многу не е познато за омикронот и ќе бидат потребни неколку недели за да се дознае повеќе за овој вид, но според информациите познати од Јужна Африка, каде што се појавил сојот, засега предизвикува само благи до умерени форми на болеста.

Претставник на Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека повеќето пациенти во моментов немаат тешка клиничка слика, иако тоа не значи дека е невозможно тоа да се случи.

Кога станува збор за сериозноста, видовме извештаи дека омикрон предизвикува благи до тешки форми на болеста. Има некои индикации дека симптомите се благи кај многу пациенти, но повторно, сè уште сме во раните денови. Ја следиме ситуацијата, и точно е дека “Бројот на хоспитализирани во Јужна Африка е зголемен, но повторно, ова може да се должи на фактот дека бројот на пациенти е зголемен. Ако имате повеќе пациенти, ќе има повеќе хоспитализирани”, рече советникот на СЗО д-р Марија Ван Керкове.

Лекар од Боцвана, една од првите земји каде што е потврден вирусот, вели дека 16 од 19 заразени лица немаат симптоми, а останатите тројца имаат „многу благи“ симптоми. Исто така, тамошните лекари тврдат дека сите заразени со омикрон веќе оздравеле.

Симптоми
Сите веќе научивме какви симптоми предизвикува корона вирусот – постојана кашлица, висока температура, губење на чувството за вкус и/или мирис…

Сепак, според она што е досега познато, омикрон најверојатно предизвикува малку различни симптоми. Д-р Анџелик Кеце, докторката која прва пријавила „чудни“ симптоми кај пациентите во Јужна Африка, по што е откриен нов вид, наведе три кои се заеднички за мнозинството – замор, болки во мускулите и телото, главоболка.

Таа, исто така, истакна дека, за разлика од заразените со видот делта, ниту еден од заразените со омикрон не пријавил губење на чувството за вкус и мирис.

Сепак, ќе биде потребно извесно време за да дознаеме повеќе за симптомите што укажуваат на омикрон.

Кога станува збор за тоа зошто новиот вид дава поблаги симптоми, експертите сметаат дека причината можеби е тоа што многу луѓе се вакцинирани, па вакцините го ослабуваат вирусот, а друга причина е тоа што тие се претежно заразени.

Исто така, една од можните теории е дека мутациите всушност го ослабнале вирусот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Леукемијата е најподмолниот облик на рак – ова се првите симптоми на злобната болест

M T

Некои се долготрајни и не поминуваат толку брзо: Еве некои од симптомите кои се чувствуваат пред срцев удар

M T

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Дали сте под долгорочен притисок: Ова се симптомите на адреналински замор

M T

Откриени се ТРИ различни типови на долгорочен КОВИД, секој со свои симптоми

M T

Три симптоми кои укажуваат на висок лош холестерол

M T