4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
СВЕТ

Лавров: На Европа ѝ се заканува кошмар од вооружен конфликт

На конференцијата за европска безбедност во Шведска, Лавров ја презентира идејата за нов европски безбедносен пакт за да се обиде да го спречи НАТО да се прошири понатаму на истокот.

Американскиот државен секретар, Антони Блинкен, предупреди на сериозни последици доколку Русија бара конфликт со Украина.

Состанокот се одржува во време кога Русија ја засилува својата војска во близина на украинската граница. Украина вели дека Русија има акумулирано повеќе од 90.000 војници таму, потсетува Би-би-си.

Москва негира дека подготвува напад врз Украина и го обвинува Киев за зајакнување на сопствената армија.

Лавров и Блинкен се сретнаа на конференцијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Американските власти соопштија дека двете страни се согласиле да го продолжат дијалогот за Украина.

Но, претходно, Лавров во говорот рече дека НАТО одбива конструктивно да ги разгледа предлозите за деескалација на тензиите и спречување опасни инциденти.

„Воената инфраструктура на алијансата неодговорно се приближува до границите на Русија во Романија и Полска распоредувајќи систем за противракетна одбрана што може да се користи како ударен комплекс“, рече тој.

Лавров посочи дека набргу во Европа ќе се појават американски ракети со среден дострел, со што ќе се врати сценариото од кошмарот на воената пресметка.

Тој го предупреди НАТО да не ги претвора земјите што граничат со Русија и Украина во мост на конфронтација изразувајќи надеж дека руските предлози за нов безбедносен пакт ќе бидат внимателно разгледани.

Во меѓувреме, Русија соопшти дека уапсила тројца членови на украинската тајна служба за безбедност.

Еден од нив е обвинет за планирање терористички напад, а другите двајца собирале разузнавачки информации, соопшти руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Можеби ќе ве интересира

Европа оваа година ја доживеа најлошата криза со птичји грип досега

M T

Шолц: Германија е подготвена да преземе водечка воена улога во Европа

M T

Русија ќе ги намали испораките на гас за Европа за една третина

M T

„Голдман Сакс“: Цените на гасот во Европа оваа зима веројатно ќе се преполоват

M T

Австриски експерт: Леденото доба и хаосот во Европа ќе траат до 2030-та година

M T

Салвини: Некој во Европа погрешно пресметал, санкциите ни наштетија на нас а не на Русија

M T