20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТ

И Хрватска ги заострува мерките поради ширењето на омикрон

Хрватската влада донесе донесе нови мерки поради новиот сој на коронавирусот – омикрон.

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, истакна дека штабот за цивилна заштита донел седум нови одлуки на национално ниво.

До 15 декември е продолжено времетраењето на епидемиолошките мерки за пет решенија што се однесуваат на ограничување собири, привремена забрана и ограничување да се преминуваат граничните премини на Република Хрватска, употреба на маски за лице, работа на продавници и јавен превоз.

„Со оглед дека новиот сој има потенцијал да биде многу позаразен, голем број земји усвоија нови построги мерки во однос на патувањето, ограничување на влезот за лица што доаѓаат или престојувале во последните 14 дена во Јужна Африка, Боцвана, Есватина, Лесото, Намибија, Зимбабве и Хонг Конг, а одлуката од 30 ноември за ограничување на влезот во Хрватска важи и за Република Мозамбик“, нагласи Божиновиќ.

Како што рече, во одлуките се предвидува и задолжителен карантин за државјаните на Хрватска што доаѓаат од тие земји во траење од 14 дена од денот на влегувањето во Хрватска и задолжително тестирање на последниот ден од карантинот.

Мерката за безбедност се применува до 15 декември.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Почна државниот погреб на Шинзо Абе, строги безбедносни мерки во Токио

M T

АФПЗРР : Реализирана исплата на директни плаќања по повеќе мерки

M T

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

M T

ЕК објави предлози за мерки за енергетската криза

M T

Шолц: Благодарение на мерките, имаме добри шанси да ја пребродиме зимата

M T

Нов Зеланд ги укинува скоро сите мерки за Ковид-19

M T