4.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Убиство во Сплит: Вработена во продавница убиена со нож, напаѓачот уапсен

Маж нападнал жена со нож додека таа била на своето работно место во продавница во Сплит. Жената починала во болница, а напаѓачот е уапсен, пренесуваат хрватските медиуми.

Според Хина, повикувајќи се на неофицијални информации, станува збор за вонбрачниот партнер на убиената жена.

Полицијата потврди дека нешто пред 15 часот на улицата Пољичка, маж влегол во продавница и со нож нападнал и тешко повредил жена.

Таа била пренесена во болница, каде што починала.

Вработените во продавницата го задржале мажот до доаѓањето на полицијата која го уапсила.

Нападот, според очевидци, се случил во продавница пред толпа муштерии, кои гледале како маж по расправија неколку пати избодел жена со нож.

Напаѓачот наводно бил совладан од припадник на обезбедувањето, кој заедно со уште неколку млади момчиња го фрлил на подот.