9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Секое трето лице е сексуално вознемирувано во австралискиот парламент

Австралискиот премиер, Скот Морисон, кој во февруари нареди да се изготви извештај откога неговата партија беше под притисок да се справи со случајот на наводно силување во зградата на парламентот, рече дека наодите се застрашувачки и вознемирувачки, пренесува „Ројтерс“.

Секое трето лице вработено во австралискиот парламент се соочило со некаков вид сексуално вознемирување, се наведува во извештајот.

Извештајот детаљно опишува го широкораспространето недолично однесување и откри дека повеќе од половина од анкетираните луѓе доживеале барем еден инцидент на сексуално вознемирување, вознемирување или обид за сексуален напад.

„Таквите искуства оставаат траги врз поединци и нивните тимови и ги поткопуваат перформансите на нашиот парламент на штета на нацијата“, рече Морисон.

„Како и секој што работи во оваа зграда, статистиката презентирана овде ја сметам за ужасна и вознемирувачка“, им рече премиерот на новинарите во Канбера.

Извештајот содржи 28 препораки, кои повикуваат на поголема рамнотежа меѓу законодавците и персоналот, како и создавање нова канцеларија за човечки ресурси за справување со жалбите.

Спонзорирано: