6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е докажан противник на евроинтеграциите

Милошоски лобира против почеток на преговорите со ЕУ, а ВМРО-ДПМНЕ е докажан противник на евроинтеграциите, се вели во соопштението од СДСМ.

Како што наведуваат од партијата, десната рака на Христијан Мицкоски и докажан извор на лажни вести, Антонио Милошоски, отишол во Вашингтон да лобира Северна Македонија да не почне преговори за членство во ЕУ.

Во продолжение на соопштението се вели дека, наместо да бара ЕУ да донесе одлука што побргу нашата држава да почне процес за преговори со Унијата, кој е заслужен и за кој ги имаме исполнето сите услови, Милошоски го прави сосем спротивното, работи за блокада на евроинтеграциите.

ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски, е докажан противник на евроинтеграциите, партија што сака државата да ја врати назад во изолација, раскарана со соседите и демократскиот свет, се вели во соопштението.

Спонзорирано: