13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација / pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Омикрон во Холандија регистриран и пред да пристигнат заразени патници од Јужна Африка

Омикрон варијантата на коронавирусот е откриена во Холандија пред пристигнувањето на летовите од Јужна Африка минатата недела, соопштија холандските здравствени власти.

Најмалку 14 лица позитивни на омикрон пристигнале од Јоханесбург и Кејп Таун на аеродромот Шипхол во Амстердам на 26 ноември, објави Националниот институт за здравје (RIVM).

„Но, омикрон варијанта најдовме и во два тест примероци од 19 и 23 ноември“, соопштија од RIVM. „Сè уште не е разјаснето дали овие лица ја посетиле Јужна Африка“, додаваат тие.

Откритието на омикрон го загрижи светот и се стравува дека постоечките вакцини не се ефикасни против новата варијанта, што може да ја продолжи пандемијата која трае речиси две години.

Холандските власти, во меѓувреме, бараат да контактираат и тестираат околу 5.000 патници кои пристигнале од Јужна Африка, Боцвана, Есватини, Лесото, Мозамбик, Намибија и Зимбабве.

Во Холандија, во неделата стапија на сила построги мерки против Ковид-19 за да се спречи ширењето, со оглед на рекордниот број на инфекции од околу 20.000 дневно и да се намали притисокот врз болниците.

Спонзорирано: