8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лукашенко: Литванците оставија тела на мигранти на граница

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ги обвини литванските власти дека фрлаат тела на мигранти на границата меѓу двете земји, информација што, според медиумите во светот, Литванија ја демантира.

Според написите, Лукашенко исто така предупредил дека неговата земја цврсто стои со својот сојузник Русија доколку украинските власти почнат офанзива против проруските сили во источна Украина, пренесуваат агенциите.

Тој ги опишал тензиите за мигрантите како заговор на Западот против Русија и Белорусија.

Лукашенко, пишуваат медиумите, по состанокот со водечките воени претставници на белоруската гранична служба, изјавил дека во текот на викендот биле пронајдени телата на двајца мигранти.

„Тие (Литванците) ги ставија телата на починатите, или можеби уште беа живи, во вреќа за спиење и ги фрлија на граница. Колку одвратно“, изјавил Лукашенко.

Литванската гранична служба ги отфрли тврдењата на Минск наведувајќи дека белоруските власти упорно се обидуваат да организираат и исценираат тепачки, па дури и смрт на мигранти, а во исто време ја обвинуваат Литванија за таквиот „нехуман третман“, пренесуваат светските агенции.