15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Директорот на Модерна: „Нема да биде исто како за делта сојот“

Извршниот директор на фармацевтската компанија Модерна, Стефан Бансел, денеска изјави дека е малку веројатно вакцините против ковид 19 да бидат исто толку ефикасни против варијантите на омикрон како што биле против соеви делта.

„Мислам дека никаде во светот нема да биде иста ефикасноста како кај делтата“, изјави тој за Фајненшл тајмс.

Според него, сите научници веруваат дека тоа нема да биде толку добро. Тој претходно изјави за CNBC дека испораката на новата вакцина може да потрае неколку месеци, најавувајќи дека за приближно две недели треба да се знае до кој степен постојните вакцини се ефикасни против соевите на вирусот омикрон корона.

Инаку, во понеделникот компаниите Бајонтек, Модерна и Џонсон и Џонсон објавија дека работат на вакцини кои конкретно ќе го таргетираат омикронот, доколку се покаже дека постоечките не се ефикасни против оваа нова варијанта на коронавирус.

Бајонтек објави дека почнал да работи на вакцината омикрон заедно со неговиот партнер Фајзер.

Џонсон и Џонсон, исто така, ја анализираат ефикасноста на нивната вакцина против омикрон, додека работат на специфична вакцина за таа варијанта.

Спонзорирано: