17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бислимоски реизбран за претседател на бордот на регулатори

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски е реизбран за претседател на Одборот на регулатори на Енергетската заедница (Energy Community Regulatory Board – ECRB), со што практично доби втор мандат во извршување на оваа должност. Гласањето се реализираше на 50 јубилеен состанок што се одржува во Атина.

Добивањето на доверба за уште еден мандат, освен што ја потврдува лидерската улога на РКЕ во спроведување на реформите во енергетскиот сектор, дополнително реизборот е и признание на активната улога на РКЕ во креирањето на решенија во време на енергетска криза посочи Бислимоски по завршување на состанокот.

„Предизвик е да се претседава со Бордот на регулатори во време на енергетска криза, но лидерството се кристализира во нудење на решенија во тешки моменти, а не во изговори како алиби.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ и претседател на Бордот на регулатори на Енергетската заедница.

На состанокот кој се одржа учествуваа регулаторите од Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Украина, како и претставници од Европската комисија и Агенцијата за соработка на eнергетските регулатори на Европската унија (Agency for the Cooperation of Energy Regulators – ACER).

Спонзорирано: