15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Сијарто: Западните лидери не можат да си дозволат јавно да кажат дека руската вакцина е најефикасна

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто за „Раша Тудеј“ изјави дека е фрустриран од западните лидери.

Како што вели, тие политички си поигруваат со руската вакцина Спутник В.

Тој е убеден дека овие лидери не можат да си дозволат јавно да признаат дека руската вакцина е најдобрата.

Европската агенција за лекови (ЕМА) ги одобри вакцините Фајзер, Модерна, Астра Зенека и Џонсон, но рускиот Спутник В се уште чека одобрување и покрај фактот што веќе се користи во 70 земји во светот.

За Унгарците вакцинирани со Спутник В тоа значи дека не можат да добијат дигитален ЕУ-сертификат за ковид.

„Ова е многу фрустрирачко за мене“, изјави Сијарто за Раша Тудеј, истакнувајќи дека според регулативите на ЕУ, ЕМА или владите на државите членки можат да одобруваат вакцини, како што направи унгарската влада со Спутник В.

„Не разбираме зошто ова одобрение не го почитуваат другите земји-членки“, додаде тој.

„Запоставувањето на Спутник В од страна на ЕУ е повеќе прашање на политика отколку на ефикасност“, рече тој.

„Секогаш кога разговарам со моите колеги од Западна Европа, тие секогаш ми велат дека се свесни дека руските научни достигнувања се на добар глас. Приватно, сите го кажуваат тоа, но кога излегуваат во јавноста, секој зборува поинаку. Истражување објавено во медицинскиот списание The Lancet и компаративните студии од Унгарија објавени оваа недела покажуваат дека руската вакцина е најефикасна од сите пет вакцини во спречувањето на смртта од Ковид. Таа е втора најефикасна во спречувањето на самата инфекција, по американската Модерна“, наведува Раша Тудеј.

И Сијарто ја избрал руската вакцина.

„Причината зошто бев вакциниран со Спутник е едноставна. Кога бев дете, бев вакциниран со советски вакцини. Бидејќи сè уште сум жив и здрав, решив дека нема потреба од промени”, рече тој.

Спонзорирано: