12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Мајкл Коен: Трамп нема повторно да се кандидира, само ги мами луѓето да му дадат пари

Мајкл Коен, поранешен адвокат на Доналд Трамп, рече дека поранешниот претседател на САД нема повторно да се кандидира за претседател во 2024 година.

Коен, гостин на телевизијата Ен-би-си, изјавил дека Трамп само го мами американскиот народ и неговите поддржувачи да му испратат пари.

„Ова треба да стане документарец и да се нарече најголемото зло во историјата на САД“, рече тој, додавајќи дека „големата лага“ на Трамп може да ја искомплицира претседателската кампања.

Трамп ги загуби изборите во 2020 година и без никакви докази им тврдеше на своите сојузници дека раширената измама му помогнала на Џо Бајден да победи.

Коен тврди дека ако Трамп навистина се кандидира и изгуби повторно, ќе биде потешко да се инсистира дека имало измама. Тој не може двапати да тврди дека е ограбен, додаде Коен.

Поранешен адвокат на Трамп вели дека тој ќе продолжи да дава предлози до последната секунда, но дека кандидатурата нема да се случи.

Коен, кој некогаш беше дел од блискиот круг на поранешниот претседател, беше осуден на три години затвор во декември 2018 година, откако се изјасни за виновен за финансиски криминал и за лажење на Конгресот за проект за недвижнини во Москва.

Спонзорирано: