11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски за МИА: Животниот стандард и јакнењето на економијата се главни приоритети на граѓаните

СДСМ треба интензивно да ја спроведува европската агенда, но не може да очекуваме дека ЕУ или некој друг ќе ни ги реши проблемите, во интервју за МИА го вели Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, кој вчера изјави ќе се кандидира за лидер на партијата, откако социјалдемократите во петокот ја утврдија оставката на претседателот на партијата Зоран Заев и распишаа внатрепартиски избори по пат на непосредно гласање што ќе се одржат на 12 декември.

-Приоритет мора да е домашната политика, подигање на животниот стандард на граѓаните, јакнење на економијата, додава тој.

На обвинувањата на опозицијата оти е „маша“ во рацете на Заев, Ковачевски вели оти не е ничиј човек, туку, како што изјави, „човек со интегритет и големо професионално искуство соодветно за позицијата претседател на СДСМ“ и оти како долгогодишен член на СДСМ ја очекува поддршката од многу сопартијци, актуелни и минати функционери. Ковачевски додава дека СДСМ секогаш била и мора да остане партија која обединува.

– Во овој процес многу е важно да го зајакнеме единството и да го мотивираме секој член да се приклучи на промените. Верувам дека со нова стратегија и реорганизација на партијата брзо ќе ја вратиме и зголемиме поддршката. Јас сум ослободен од внатрепартиски поделби и игри кои ги сметам за многу непродуктивни. Јас верувам дека можеме да ја вратиме поддршката веќе на следните избори, но само доколку граѓаните и членовите на СДСМ ја видат потребната промена во партијата и начинот на раководење и во Владата и во самата партија, вели тој во интервјуто за МИА.

Ковачевски вели дека Зоран Заев постигнал извонредни резултати во својот мандат. Благодарение на неговата политика на отвореност и храброст за решавње на најтешките проблеми, денес сме сигурна и стабилна држава членка на НАТО и на чекор од преговори со ЕУ.

-Но јас не сум ничиј човек, туку човек со интегритет и големо професионално искуство соодветно за позицијата претседател на СДСМ. Како долгогодишен член на СДСМ, очекувам поддршка од многу сопартијци, актуелни и минати функционери со кои успешно соработувам. Што се однесува до професионалната кариера, горд сум на се што постигнав во приватниот сектор работејќи на високи раководни позиции во меѓународни компании, академската кариера како професор, но и како претприемач во своја сопствена компанија. Затоа, воопшто не ме загрижуваат ваквите коментари бидејќи доколку станам претседател многу брзо ќе ги демантирам овие етикети со работа и резултати. Мојот фокус е токму на тоа – да донесам квалитетни промени кои граѓаните и нашите членови ги очекуваат, но и многу брзо ќе ги препознаат, појаснува тој.

Спонзорирано: