18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ковачевски за МИА: Потребно ни е поцврсто и поодговорно владеење

СДСМ има според мене најдобар кадровски потенцијал во земјава. И во овој момент имаме одлични правници, инжењери, економисти и голем број млади образовани луѓе. Но, потребни се секогаш нови лица и привлекување на најдобрите од сите професии и области, порача кандидатот за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за МИА. Според него треба да се најде начин да се мотивираат овие лица да се вклучат во политичкиот живот и да се врати довербата кај нив за да работат и помагаат за државата.

-Гледате како во Бугарија се случи двајца дипломци од Харвард да ги освојат симпатиите на гласачите и за само два месеци од формирањето партија да победат. Ние мора да се научиме тоа да го почитуваме и да привлекуваме. Тие луѓе носат со себе и друг менталитет, други работни навики и ослободени се од предрасуди. Партиите се сложен организам, во кој има работа за секого и секој од нив да го добие заслуженото внимение и почитување, оценува Ковачевски.

Тој додаде дека се потребни промени и во работењето на Владата. 

-Владата мора ефикасно да работи на побрза реализација на сите проекти и капитални инвестиции. Новата влада мора да состави добар тим од професионалци кои ќе се справат со предзивиците на енергетската криза, економските политики, но секако и евроинтеграциите. Потребно е поцврсто владеење и поголема одговорност на сите нивоа од министрите па надолу. Се надевам дека во новата влада ќе има место за повеќе стручни луѓе и експерти во советничкиот тим на премиерот, бидејќи човечкиот потенцијал е клучен за добар менаџмент, кажа Ковачевски.

Кандидатот за претседател на партијата нагласи дека токму граѓаните бараат одговорност, реализација на ветеното и фокус на приоритетите и проблемите кои нив ги засегаат, а тоа води кон подобар живот и повеќе приходи.

Спонзорирано: