8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

ГАВИ: Омикрон видот се појави поради неправедната распределба на вакцините во светот

Меѓународната асоцијација за промоција на правична вакцинација во светот, ГАВИ, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот-омикрон укажува на недостатокот на вакцини во многу делови од светот.

Првиот човек на ГАВИ, Сет Беркли, во Женева рече дека сè додека голем дел од светската популација е невакцинирана, вирусот може да мутира, продолжувајќи ја пандемијата.

„Ќе можеме да спречиме појава на варијанти само ако ги заштитиме сите во светот, не само богатите“, додаде тој.

Омикрон првпат беше откриен овој месец во Јужна Африка, каде стапката на целосно вакцинирани возрасни е помала од 36 проценти. За споредба, во Европската унија стапката на целосно вакцинирани е 77 отсто од возрасната популација.