19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Полицијата во Загреб од авион исфрли 15 патници

На меѓународниот аеродром во Загреб од лет за Брисел биле исфрлени 15 лица, а властите соопштија дека нелегално биле во авионот.

Новинарка на „Јутарњи лист“, која била патник на овој лет, пријавила дека во 16:30 часот на летот за Брисел на авиопревозникот „Рајанер“ се качиле околу сто патници, по што дошле стјуардите и симнале прво десет, а потоа уште пет патници.

Потоа на патниците им се обратил капетанот, кој им рекол дека сите мора да го напуштат авионот и да се вратат на чекирање, поради што тие негодувале, но се вратиле во зградата на аеродромот.

На излезот од авионот имало неколку полицајци кои изолирале 15 патници, исклучиво мажи.

Во 17:45 часот патниците повторно се качиле во авионот, но без лицата кои полицијата ги изолирала, кои биле однесени поради кривична истрага.

Спонзорирано: