Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Коронавирус Свет

Само што излезе, Земан повторно вратен во болница – позитивен е на Ковид-19

Чешкиот претседател Милош Земан е позитивен на Ковид-19 и се враќа на болничко лекување, само неколку часа откако денеска беше пуштен од здравствената установа, соопшти неговиот кабинет, потврдувајќи ги пишувањата на чешките медиуми.

Кабинетот соопшти и дека работните обврски на 77-годишниот чешки претседател ќе му бидат одложени додека се лекува од Ковид-19.

Земан утре требаше да именува нов премиер, по изборите во октомври.

Чешкиот претседател денеска беше пуштен од воената болница, каде што помина повеќе од шест недели, откако на 10 октомври итно беше пренесен на одделот за интензивна нега.

Лидерот на опозициската десница Петер Фијала неодамна најави дека Земан утре ќе му додели мандат за состав на новата влада.

Можеби ќе ве интересира

СЗО најавува крај на пандемијата во Европа

M T

Британскиот министер за здравство: 20.000 луѓе годишно умираат и од грип, па не ја затвораме земјата

M T

ЕMA: Лекот на „Фајзер“ против Ковид-19 ќе биде во употреба за неколку недели

M T

МЗ: Зголемен број на реинфекции со Ковид 19, расте процентот на заразени со Омикрон

M T

50.126 новозаразени од Ковид-19 во Грција

M T

Во САД речиси милион случаи на Ковид-19 во еден ден

M T