Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет ТОП ВЕСТИ

Најмалку 27 мигранти се удавија во Ла Манш

Бројот на загинати при превртување на чамец со мигранти на Ла Манш меѓу Франција и Велика Британија е најмалку 27, а не 31, како што првично објави француската страна.

Француската влада утрово ќе одржи вонредна седница на која ќе се расправа за трагедијата.

Во телефонски разговор синоќа, премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон и претседателот на Франција Емануел Макрон се договорија да вложат заеднички напори за да ги спречат мигрантите да одат на вакви опасни патувања.

Џонсон ја повика Франција да прифати британска гранична патрола долж францускиот брег, но Макрон го предупреди да не го користи случајот „за политички цели“.

Макрон вети дека ќе направи се’ што е потребно за да не дозволи Ла Манш да стане гробишта.

Франција почна да ги идентификува жртвите, а две лица се во болница поради хипотермија.

Француската полиција уапси четири лица осомничени за криумчарење луѓе.

Можеби ќе ве интересира

Мигранти го демолираа прифатниот центар во Полска – Бараат префрлање во Германија

M T

Во возило на скопјанец пронајдени мигранти од Куба

M T

Седум мигранти во Грција загинаа кога возило удри во наплатна рампа

M T