18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерството за транспорт: „Беса транс“ има лиценца до 2022 година

Министерството за транспорт и врски соопшти дека превозникот „Беса транс БТБ“ од Скопје добил лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници во 2018 година со важност до 2022 година.

„Со барањето за добивање лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници превозникот ги исполнил условите за добивање лиценца и издадена му е лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници со сериски број 007017, со важност од 8.8.2018 година до 8.8.2022 година“, информираат од Министерството.

Од тука за „Макфакс“ појаснија дека лиценцата се однесува на пет возила на превозникот, а до моментот компанијата нема поднесено барање за добивање извод од лиценца за нов автобус.

„Очекуваме истрагата да ги покаже причините поради кои настана трагичната несреќа. Министерството за транспорт и врски останува отворено за соработка со сите надлежни домашни и меѓународни институции за целосно расчистување на случајот. Изразуваме најдлабоко сочуство до семејствата на загинатите патници во несреќата во Република Бугарија, во која животот го загубија државјани на Република Северна Македонија, и им посакуваме брзо оздравување на повредените патници“, велат од Министерството.

Спонзорирано: