10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Од понеделник целосно заклучување во Австрија, состојбата со коронавирус на работ на катастрофа

Австриската влада во разговори со покраините одлучи од понеделник, 22 ноември, сите граѓани, а не само невакцинираните да бидат под клуч.

Состојбата со коронавирусот во Австрија е на работ на катастрофа, без оглед на строгата мерка за затворање на невакцинираните лица, пишуваат тамошните медиуми. Бројот на новозаразени постојано расте и ги руши сите рекорди, а исто е и со болниците кои се пред колапс.

Според медиумите, одлуката за десетдневното заклучување денеска ќе ја соопшти австрискиот канцелар Александар Шаленберг.

Според планот, заклучувањето би можело да се продолжи најмногу за уште 10 дена.

По 20 дена затворање, невакцинираните сè уште ќе бидат во заклучување.

Училиштата нема да работат, ќе имаа само служба за згрижување деца чии родители не можат да се грижат за нив поради работа.

Во своето обраќање до нацијата, Шаленберг ќе побара солидарност од вакцинираните граѓани.

Во Австрија се водат дискусии за воведување задолжителна вакцинација против коронавирус.

Од јануари следната година, според „Кронен цајтунг“, би можел да стапи во сила закон со високи казни за оние кои не сакаат да се вакцинираат. Ова ќе ја направи Австрија првата земја во ЕУ која ќе воведе општа обврска за вакцинација против коронавирус.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Албанец осуден на доживотен затвор во Австрија, ја избодел сопругата до смрт бидејќи за појадок му послужила супа

M T

Претседателот на Австрија се лизнал додека се шетал во парк, добил помал потрес на мозокот

M T

Од 1 август нови правила за влез во Австрија поради корона вирусот

M T

Германски климатолог предупредува: Времето истече, одиме кон катастрофа

M T

Карл Нехамер: За Австрија членството во НАТО не доаѓа предвид

M T

Експерти: Северна Кореја без вакцина против коронавирус е на работ на катастрофа

M T